Извонредниот фински репрезентативец и фудбалер на Норич, Тему Пуки е вистински кошмар за спортските коментатори во Малезија и воопшто во цела Азија.
Пуки, минатата сезона со своите голови беше најзаслужен што Норич успеаја да се вратат во Премиер лигата. Пуки блеска и во Премиер лигата, во првите четири кола тој има постигнато пет гола за Норич.
Во Азија со големо внимание се следат натпреварите во Премиер лигата, а Пуки создава проблем со своето презиме. На сленгот во Малезија и во најголем дел од Азија „Пуки“ е женскиот полов орган, поради што коментаторите никако не смеат да го изговорат преземето на финскиот напаѓач.
Ова го открил поранешниот фудбалер, кој сега работи како коментатор и аналитичар, Стен Колимор.
„Се наоѓам на состанок со продуцентите во Куала Лумпур и тие ме прашуваат: Стен знаеш ли каква е ситуацијата со Пуки во Малезија? Им реков дека не знам, а тие ми кажаа дека тој е главна вест, кога прашав зошто е тоа така, едноставно ми одговорија дека тоа е сленгот што во оваа земја се употребува за женскиот полов орган“.
На оваа изјава на Колимор интересн коментар имал и Шон Мекгери.
„А кога бев во Сингапур се прашував зошто луѓето ме гледаат чудно кога се појавив во дрес на Норич“.