Пол Погба не е дел од француската репрезентација поради повреда на бутниот мускул, и ѕвездата на Манчестер јунајтед ја искористи паузата за посета на Дубаи, каде што ја посети локалната зоолошка градина, користејќи ја шансата уште еднаш да се потсмева самиот себеси.
Погба неодамна предизвика многу внимание со своето уникатно изведување на пенали, односно со спорото трчање до белата точка, и сега преку видео на Инстаграм, тој реши да се трка со една желка.
„Не сум до толку спор“, напиша Французинот.
View this post on Instagram
Pogba penalty run vs turtle ? ..I’m not THAT slow ??♂️???#winner#race#dubai
Погба има смисла за хумор – се потсмеваше со своето изведување пенал (видео)