Челниците на Баерн Минхен, во пресрет на летниот преоден рок, завршија два големи трансфер, ги потпишаа француските репрезентативци Бенжаман Павар и Лукас Ернандес, но тука немаат намера да застанат.
Летово се очекува во Минхен да пристигнат уште неколку звучни имиња. Меѓу потенцијалните засилувања се споменува и името на Торган Азар од Борусија Менхенгладбах, инаку брат на ѕвездата на Челси, Еден Азар.
Легендата на Баерн, Лотар Матеус, не е сугурен дека Торган Азар има квалитети за да го облече дресот на славниот клуб.
„Луѓето што се задолжени за трансферите мора да си ја завршат домашната задача. Потребно е да изберат играчи што ќе се вклопат во клубот. Азар е добар играч, но не сум сигурен дека е доволно добар за да му помогне на Баерн“, рекол Матеус.
Торган Азар летово сигурно ќе замине од Менхенгладбах, откако одби да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2020 година. Покрај Баерн, медиумите пишуваат дека за неговиот потпис се заинтересирани и во Атлетико Мадрид.