Во Неапол уште сега почнаа подготовките за прославата на третото скудетот на Наполи, по фантастичната форма со која се на врвот на Серија А со 15 поени предност пред Интер и се на чекор од четврт-финале на Лигата на шампиони по 0:2 победата на гости кај Ајнтрахт Франкфурт.
На 15 кола пред крајот, според весникот „Ла република“, градските власти во Неапол веќе ја планираат прославата на „Пјаца дел преблишито“ на 4 јуни по крајот на сезоната, букирајќи го популарниот локален пејач, Џиџи Д’Алесио. Покрај ова се планираат посебни прослави во одредените квартови на градот за да се спречи огромна гужва во центарот на градот, кој има над милиони жители и само еден популарен клуб.