Една од дерби пресметките во осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе биде пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус. Во своите изјави, веднаш по извлекувањето на двојките за нокаут-фазата, претставникот на Атлетико беше воздржан, додека кај претставникот на Јувентус има блага доза на оптимизам.
„Знаевме дека во првиот „шешир“ нема лесен противник. Доколку сакате да стигнете до финалето, морате да играте против најдобрите, а Јувентус е еден од тие тимови. Доминираат во Италија, ќе биде тешко, но ќе видиме како двата тима ќе изгледаат во февруари. Воопшто не размислуваме за Кристијано Роналдо, тој е само играч во во силен тим, но и ние имаме свои оружја“, рекол спортскиот директор на Атлетико, Клементе Валверде.
„Имаме силен тим, полни сме со самодоверба. Атлетико е балансиран тим, тешко е да се игра против нив. Одлично се бранат, а напред Диего Коста и Гризман секогаш прават проблеми. Очекувам два тешки натпревари со малку голови. Го добивме најтешкиот тим од вториот ‘шешир’, но ние го имаме Роналдо, тој е роден победник“, изјавил директорот на Јувентус, Павел Недвед.