Аргентина, без својот најдобар играч Лео Меси, синоќа во Мадрид доживеа дебакл од Шпанија. Шпанците славеа со 6:1 на стадионот „Ванда Метрополитано“. Со ист резултат во минатото „гаучосите“ биле поразени од Чехословака во 1958 година и Боливија во 2009 година.
Меси, поради повреда, го пропушти натпреварот со Шпанија, а дебаклот на соиграчите од националниот тим го следеше од ложата на „Ванда Метрополитано“.
Неговите реакции за време на натпреварот се приказна за себе. Незадоволен, лут и разочаран Меси уште пред последниот судиски свиреж замина од ложата.