Top Sport

Нејмар броеше до четири, ПСЖ до осум против Дижон (видео)

Тимот на Пари Сен-Жермен се зацврсти на првото место во Лига 1, откако во неверојатен натпревар со фантастични 8:0 го совлада тимот на Дижон.

Нејмар беше прва ѕвезда (како што му доликува на најскапиот фудбалер на светот) со четири постигнати голови (еден од пенал), Анхел ди Марија додаде два, а Единсон Кавани и Килијан Мбапе по еднаш се запишаа во листата на стрелците.

Со победата, ПСЖ остана на 11 поени предност пред Лион, додека кутрите Дижон се на 11. место со 25 поени и со драстично ослабена гол-разлика.

Scroll to Top