Најдобриот бразилски фудбалер, Нејмар јуниор, смета дека за сите оние што го сакаат фудбалот е лошо што Лионел Меси не игра за Аргентина, но е и за неговата репрезентација.
Меси реши да одмори од репрезентативните настапи, тој последниот меч за Аргентина го одигра во осмина-финалето на Светското првенство во Русија. Тогаш Аргентина загуби од Франција 2:4. Сигурно е дека Меси нема да игра за Аргентина до крајот на годината.
„За оние што го сакаат фудбалот, отсуството на Меси е лоша работа. За нас, добро е што не игра“, рекол Нејмар јуниор.
„Никогаш не ги потценуваме ривалите. Аргентина е квалитетна репрезентација, има одлични фудбалери. Посебно ми се допаѓа Дибала. Мислам дека во овој дуел нема фаворит“, дополнил напаѓаќот на Бразил и ПСЖ.
Бразил и Аргентина ќе ги одмерат силите во пријателски натпревар вечерва на стадионот „Крал Абдулах“ во Џеда, Саудиска Арабија, со почеток во 19:45 часот.