Најскапиот фудбалер во светот Нејмар празниците ги минува во Бразил. Напаѓачот на Пари Сен Жермен ужива во Бара Гранде.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се забележува дека Нејмар е под дејство на алкохол и со некој килограм повеќе.
Ваквите снимки нема да им се допаднат на навивачите на ПСЖ со кои Бразилецот не е во добри односни, откако во летниот преоден рок по секоја цена се обидуваше да замине од Париз.
Инаку, ПСЖ првиот меч во 2020 година ќе го одиграат в недела, во рамките на Купот на Франција, противник ќе им биде Лина-Монлери. Сигурно е дека Нејмар нема да игра на овој натпревар, тој треба да биде подготвен за првиот меч во првенството во новата година, на 12 јануари „светците“ ќе го пречекаат Монако.
Neymar a l'air de passer des très bonnes vacances au Brésil ??pic.twitter.com/2TYIVwcJVI
— PiedsCarrés (@PiedsCarres) December 31, 2019