Top Sport

Нејмар „ги купи“ и оние што не го сакаат!

Има многумина кои не го сакаат поради неговото однесување на фудбалскиот терен, но дури и нив ги „купи“ со гестот што го направи.

Напаѓачот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар јуниор му помогна на институт во татковината кој води сметка за 3.000 деца, а кој во март 2020-та беше привремено затворен поради финансии.

Установата не ги отпушти вработените благодарение на Нејмар затоа што голгетерот месечно донира по безмалку 90.000 евра.

Идејата на бразилскиот фудбалер е да му помогне финансиски на институтот се до крајот на пандемијата на коронавирусот.

Татко му на Нејмар изјави дека неговиот син се грижи за финансиите на институцијата.

„Сите работни места се зачувани, работниците редовно примаат плата, и тоа ќе продолжи без оглед на тоа до кога ќе трае пандемијата. Им ги ставивме нашите простории на располагање на властите, ако имаат потреба. Сакаме да дадеме допринос во оваа заедничка борба“ – рече Нејмар сениор.

Scroll to Top