Top Sport

Нејмар ги убедува ПСЖ да го купат Лео Меси

„Скај спортс“ тврди дека Нејмар побарал од својот клуб Пари Сен-Жермен да направат обиди да го донесат Лионел Меси во француската престолнина, а спортскиот директор на клубот, Леонардо веќе стапил во контакт со претставниците на Аргентинецот.

Меси и Нејмар, кои беа соиграчи во Барса од 2013 до 2017 година, според нивните извори веќе имале разговор оваа недела, по што ПСЖ станува главниот фаворит за потписот на Меси пред Манчестер сити и Пеп Гвардиола.

Според шпанскиот „АС“ пак, Леонардо се обидува да дознае колку е можно клаузулата за која Меси инсистира дека е легитимна за заминување без отштета и исто така сака да дознае колку долг договор сака Меси и со која плата.

Меси во моментов зараборува основна плата од 71 милиони евра годишно, со огромни бонуси за должината на договорот, трофеи и сумата стигнува до 100 милиони, сума која дури и ПСЖ не се подготвени да ја дадат, посебно поради правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА.

Scroll to Top