Top Sport

Нејмар и Алвеш лошо влијаат на Мбапе?

Мајката на Килијан Мбапе, поранешната ракометарка, Фајза Ламари признава дека не е задоволна од третманот на нејзиниот син во Пари Сен-Жермен, посебно од однесувањето на неговите бразилски соиграчи, Нејмар и Дани Алвеш.

Според шпанскиот весник „Ел паис“, Ламари ги откри сите тајни на младиот фудбалер, кој се „судрил“ со Нејмар по еден меч минатата сезона. Ламари најмногу се лути на Нејмар и на Алвеш поради тоа што тие го нарекуваат младиот фудбалер Донатело по нинџа-желките (ТМНТ), што според мајката не се прави со добра намера.

Покрај тоа, Ламари открива дека Нејмар и нејзиниот син имале лута расправија во соблекувалната по мечот против Тулуз во февруари, кога Бразилецот се лутел на една шанса при која младиот Французин не му ја додал топката. Ако Мбапе се врати во ПСЖ како светски шампион, ситуацијата сигурно ќе биде уште „пожешка“!

Scroll to Top