Top Sport

Нејмар и Мбапе ќе бидат подготвени за Ливерпул

Повредените напаѓачи на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар ќе го пропуштат мечот од Лига 1 против Тулуз во сабота, но ќе бидат подготвени за мечот од Лигата на шампионите против Ливерпул следната недела, вели тренерот на клубот, Томас Тухел.

Нејмар го повреди бутниот мускул рано при 1:0 победата на Бразил над Камерун во вторникот, а истата вечер Мбапе го повреди рамото при 1:0 победата на Франција над Уругвај. И покрај ова, Тухел вели дека прогнозите се добри, посебно за Нејмар и очекува двајцата да бидат фит за меч во среда.

„Нема да ризикуваме со Нејмар и Килијан против Тулуз, и затоа нема воопшто да се во тимот. Постои голема можност двајцата да играат против Ливерпул“, изјави Тухел за „Л’Екип“.

Мечот против Ливерпул може да биде клучен за шансите на ПСЖ за пласман од групата Ц, бидејќи тие се на третото место со еден поен зад лидерите Ливерпул и Наполи на два меча пред крајот. Доколку се случи елиминација од ЛШ тоа би бил голем удар за клубот со големи амбиции, кој уште сега изгледа е новиот француски шампион по 13 победи во 13 меча.

ПСЖ загуби со 3:2 на „Енфилд“ во првиот меч со Ливерпул.

Scroll to Top