Top Sport

Нејмар ја „начна“ Звезда, на повидок катастрофа (видео)

Бразилската мега-ѕвезда Нејмар покажа зошто е најскапиот фудбалер на светот, откако во две минути ја матираше Црвена звезда, постигнувајќи два одлични гола на „Паркот на принцовите“.

„Бункерот“ на српскиот шампион издржа само до 20. минута, кога Нејмар изведе прекрасен слободен удар по кој голманот Борјан не можеше да направи ништо. Само две минути подоцна во супер-проигрување со Килијан Мбапе, Нејмар уште еднаш беше незапирлив.

До крајот на полувремето, Звезда прими уште два гола – еден од Кавани по катастрофалната реакција на одбраната, и еден од Анхел ди Марија.

Засега, црно и се пишува на Звезда во Париз.

Scroll to Top