Top Sport

Нејмар ја тужи Барселона, клубот возврати со контра тужба

Она што го најави летото кога за рекорден трансфер ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ, Бразилецот Нејмар го оствари во четвртокот, откако поднесе тужба контра поранешниот клуб. Барселона не му остана должна на Бразилецот и одговори со против тужба.

Нејмар од Барселона го бара бонусот за верност од 27 милиони евра бидејќи во 2016 година потпиша нов договор и плус три милиони евра на име на камати.

Бразилецот пред две години го продолжи договорот со Барселона до јуни 2021 година, но по десет месеци тој го напушти „Ноу Камп“ и замина во ПСЖ за 222 милиони евра.

„Мундо депортиво“ објави дека Барселона одговорила со контра тужба и бара од Нејмар 65 милиони евра колку што му биле исплатени како бунус на верност од првиот и вториот договор. Клубот исто така бара и 10 милиони евра како обесштетување за непочитување на договорот.

Инаку овие тужби беа најавени во август минатата година кога нејмар се пресели во Франција. Според познавачите ниту една страна нема да ги добие бараните пари, се очекува двете страни да се спогодат, односно едната тужба да ја поништи другата.

Scroll to Top