Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, веројатно ќе биде подготвен за натпреварот против Барселона. Осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите, ПСЖ и Барселона ќе го одиграат на 17.март.
Нејмар, последниот натпревар за ПСЖ, го одигра во Купот против Каен, на 10.февруари. Според информациите од клубот, Нејмар, треба да го заврши процесот на рехабилитација.
„Во наредните денови ќе знаеме дали ќе биде подготвен за Барселона“, рекол тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.
И без Нејмар, ПСЖ, ја декласираа Барселона во првиот меч со 4:1.
Бразилецот оваа сезона настапил на само 18 натпревари, постигнал 13 и наместил шест гола.