Top Sport

Нејмар ќе се врати во Барселона!?

Француските медиуми најавуваат вистинска „бомба“ што ќе се случи во летниот преоден рок. Наводно, Нејмар, со челниците на ПСЖ веќе се договорил да го напушти клубот и да се врати во Барселона.

ПСЖ, пред две години, го собори трансфер рекордот кога за Нејмар платија 222 милиони евра. Сега за нешто помала сума, околу 200 милиони евра, се подготвени да го продадат Бразилецот.

Во ПСЖ имале намера да го градат тимот околу Килијан Мбапе, а во исто време ќе можат да ги испочитуваат правилата од финансискиот фер-плеј. Со парите од продажбата на Нејмар, тренерот Томас Тухел ќе може да ја засили одбраната и редот за врска. Исто така, во клубот се надеваат дека ќе можат да го ангажираат и голманот на Манчестер јунајтед, Дави Де Хеа.

Медиумите шпекулираат дека во Барселона немаат ништо против враќањето на Нејмар, а согласност за такво нешто дал и Лионел Меси.

Доколку ова се реализира тоа значи дека во летниот преоден рок Барселона ќе го продаде Усман Дембеле, а покрај него би можел да замине и Иван Ракитиќ.

Scroll to Top