Top Sport

Нејмар ќе заработи милиони – од „Најк“ скока на „Пума“

Според бразилскиот „Диарио до Пеише“, Нејмар е подготвен да ја раскине 15-годишната соработка со „Најк“ во вторник и да потпише со „Пума“, која за две години успеа да направи „бум“ во европскиот фудбал. Секако, во овој процес, ѕвездата на ПСЖ ќе заработи милиони.

За помалку од две години од појавувањето во фудбалот, „Пума“ усепа да обезбеди договор со Манчестер сити и „Сити фудбал груп“ за 700 милиони евра, а да ги добие и ПСВ Ајндховен, Милан, Валенсија и Борусија Дортмунд, а исто така стана и главен спонзор на Ла лига, каде што се користи нивната топка.

„Најк“ го спонзорира Нејмар од својата 13-та година, дури и пред да стане професионален фудбалер, но дека односите не се најдобри покажува фактот што тој не беше во последните кампањи на американскиот бренд.

Оваа одлука на Бразилецот може да има влијание на и на Пари Сен-Жермен, кои добија голем договор со „Најк“ токму поради Нејмар. Следната година само Барселона, ПСЖ, Интер, Челси, Тотенхем и Галатасарај ќе носат дресови на „Најк“.

Scroll to Top