Нејмар жали што ја напуштил Барселона и се обидува да се врати на „Ноу Камп“. Преговорите ги водел неговиот татко. Нарселона пред две години, од трансферот на Бразилецот во Пари Сен Жермен заработи 222 милиони евра.
Според шпанските медиуми, Нејмар, досега пет пати се јавил во својот поранешен клуб и побарал да се врати на „Ноу Камп“. Наводно неговиот татко директно преговара со претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу.
Како што пишува „Ел Мундо депортиво“, неговиот таткото на Нејмар рекол дека „неговиот син е разочаран и жали што заминал“. Наводно на Бразилецот најмногу му пречело тоа што Пари Сен Жермен нема до крај развиен спортски проект.
Нејмар сака да се врати, но прашање е дали Барселона го сака. Исто така за Каталонците проблем може да биде и финансискиот фер-плеј, бидејќи ќе мора да продадат некого за да отворат простор за овој трансфер.
Барем според шпекулациите најблиску до заминување е Фелипе Кутињо, кој не успеа да се наметне по доаѓањето од Ливерпул.