Top Sport

Нејмар може да ја „прескокне“ Копа Америка

Иако наводно адвокатот на жената која го обвинува за силување признал дека се работи за „монтажа“, Нејмар може да не биде во бразилскиот состав за Копа Америка ова лето, тврди потпретседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), Франциско Новелето.

Полицијата во Сао Пауло потврди дека ги разгледува обвинувањата на жената која тврди дека Нејмар ја силувал во Париз, по што фудбалерот на Пари Сен-Жермен се јави преку Инстаграм поставувајќи го разговорот со жената, која се согласила да дојде од Бразил во Париз за состанок со него, за на крајот да го обвини за силување.

27-годишниот Нејмар треба да биде првиот играч на „селесао“ на домашната Копа Америка, турнир на кој Бразил нема победа од 2007 година. Новелето верува дека Нејмар нема да игра на турнирот кој започнува на 14 јуни.

„Ако морам да се обложам, би кажал дека тој нема да дојде и ќе побара да биде изземен. Мислам дека не е во психолошка состојба да се спротистави со илјадниците новинари кои ќе пречекаат“, изјави Новелето.

Scroll to Top