Top Sport

Нејмар: Мундијалот во Катар веројатно ќе ми е последен во кариерата!

Во интервју за „DAZN” бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар вели дека СП во Катар идната година најверојатно ќе биде последното во неговата репрезентативна кариера.

„Мислам дека тоа ќе ми е последното СП, не знам дали имам и понатаму доволно ментална сила за да се носам со фудбалот. Ќе дадам се од себе да сум во добра форма и да го освојам првенството со својата држава, а на тој начин и да го остварам својот сон од детството. Се надевам дека го можам тоа“ рече Нејмар.

Фудбалерот на ПСЖ ќе има 34 години за време на СП во 2026 година во САД, Канада и Мексико, но барем засега не планирана да настапи на тој сoбир.


„Кариоките“ последен пат светската фудбалска титула ја освоија во 2002 година на турнирот кој се одржа во Јапонија и Јужна Кореја.

Scroll to Top