Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј ќе го тужи напаѓачот на ПСЖ Нејмар, тврди шпанското радио „Копе“. Пред десет дена Марсеј победија во дербито 1:0, а Нејмар беше еден од петмината фудбалери кои во финишот на мечот добија црвени картони. Фрнцузите го казнија Нејмар со два натпревари суспензија.
Нејмар по мечот го обвини противничкиот фудбалер Алваро Гонзалес за расизам. Претходно Гонзалес на судиите им се жалел дека Нејмар му рекол дека е мајмун.
Нејмар може да има и поголеми проблеми доколку се докаже дека на јапонскиот фудбалер Хироки Сакари му рекол дека е „кинеско гом.о“.
Наводоно Олимпик Марсеј ангажирале професионален читач од усни и целиот случај им го предале на луѓето од Фудбалскиот сојуз на Франција.