Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар не успеа да го реализира трансферот во Барселона, но наскоро тој секако ќе мора да се појави во овој град.
На 27 септември Нејмар и Браселона ќе треба да се појават пред судот во каталонската престолнина.
Станува збор за тужбата што Нејмар ја покренал против клубот во 2017 година кога замина во Пари Сен Жермен. Нејмар бара од Барселона да му бидат исплатени уште 26 милиони евра, од ветените 40 милиони, колку што се обврзале во клубот да му исплатат доколку тој потпише нов договор.
Нејмар некаде во 2017 година го продолжи договорот со Барселона во кој била ставена откупна клаузула од 222 милиони евра и набргу потоа го напушти клубот.
Од сумата што му била ветена тој добил „само“ 14 милиони евра и тој сега си ги бара парите со камата од 10 отсто.
Веднаш потоа Барселона покренале тужба против Бразилецот. Клубот од Нејмар бара 75 милиони евра поради неисполнување на договорените обврски.
Шпекулациите велат дека двете страни ќе ги повлечат тужбите бидејќи Нејмар не се откажал од желбата да се врати во Барселона.