Top Sport

„Нејмар, научи да губиш“

Алваро Гонзалес му одговори на Нејмар откако Бразилецот на Твитер го обвини за расизам. Алваро беше еден од најдобрите играчи на Марсеј во победата над ПСЖ во Париз (1:0).

Натпреварот имаше бурен финиш откако дојде до тепачка на теренот. Главниот судија покажа пет црвени картони, еден од нив го доби Нејмар.

По мечот Нејмар рекол дека го нападнал противникот бидејќи бил навреден на расна основа, а потоа се огласил и на социјалните мрежи.

„Жал ми е само што не го удрив се….о во лицето. Лесно беше да се води мојата агресија со ВАР. Би сакал ВАР да го покаже делот кога расистот ме нарече мајмунски к….н син“, напишал Нејмар на Твитер.

„Нема место за расизам. Имам чиста кариера, одличен однос со соиграчите и колегите. Некогаш едноставно мораш да научиш да губиш и да спортски на теренот да го признаеш поразот. Сјани три бода за нас. Одиме Марсеј!“, напишал Алваро.

 

Scroll to Top