Top Sport

Нејмар не организирал новогодишна забава

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, се огласи во јавноста, по критиките дека организирал забава за 500 луѓе, која ќе се трае и во новогодишната ноќ, во местото Мангаратиба, кое се наоѓа на 105 километри од Рио де Жанеиро.

Адвокатите на најскапиот фудбалер во историјата, објасниле дека нивниот клиент нема никаква врска со забавата, која ја организирала агенцијата Фабрика.

„Тоа е нивен настан и не е поврзан со Нејмар. За Нова година, тој ќе биде со своето семејство, со синот и со физиотарапевтот“, стои во соопштението што го испратиле правните застапници на Нејмар.

Од друга страна агенцијата Фабрика, во понеделникот, објави дека забавата ќе биде за 150, а не са 500 луѓе и дека на неа ќе се почитуваат сите здравствени протоколи.

Бразил има речиси 7,5 милиони заразени со вирусот Ковид-19, од кој досега починале 191.139 лица.

Scroll to Top