Нејмар повторно се фокусира на Барселона, и тоа не за можно враќање во фудбалскиот клуб, туку за парите кои му ги должат, иронично, како бонус за лојалност и покрај тоа што тој направи трансфер во Пари Сен-Жермен.
ПСЖ ја плати откупната клаузула од 222 милиони евра за Бразилецот, но шпанските шампиони сметаа дека не треба да му го исплатат бонусот поради трансферот. Според „Ел мундо депортиво“, Нејмар поднел нова тужба против каталонскиот тим, цитирајќи ја „лошата намера“ на клубот, барајќи 3.5 милиони евра од поранешниот клуб.
Минатото лето помина во шпекулации дека Нејмар е многу блиску до враќање во Барселона, но и покрај убедувањето на клубот да се откаже од тужбата и од парите, тој не го направи тоа.