Top Sport

Нејмар: Не знаев дека Верати е генијалец!

Пред италијанските новинари, бразилскиот фудбалски ас Нејмар својот колега од ПСЖ, Марко Верати го нарече генијалец и го спореди со шпанските фудбалери, Чави и Иниеста.

Бразилецот за италијанска „La Repubblice“ одговараше од кого најмногу се изненадил во ПСЖ.

„Двајца се. Првиот е Килијан Мбапе, млад, брз, неверојатен играч. Вториот е Марко Верати. Знаев дека е сјаен играч, ама не знаев дека е толку спектакуларен. Тој е генијалец. Еден од најдобрите играчи од средниот ред со кои сум играл, веднаш до Чави и Иниеста“ рече Нејмар.

Ова лето во Париз се пресели и Лео Меси.

„Пресреќен сум што е со нас. Чудесен фудбалер е и добар пријател. Кога имате пријатели до себе, се е полесно. Ќе испише историја со нашиот клуб како што испишуваше со Барселона“ додаде бразилскиот фудбалер.

Scroll to Top