Лидерите во Лига 1, Пари Сен-Жермен ќе бидат без првата ѕвезда Нејмар поради повреда на бутниот мускул.
Најскапиот фудбалер на светот ја доби повредата во мечот од Лигата на шампиони против Андерлехт и ќе остане во Париз по проблемите со тренингот во петокот. Нејмар постигна 11 гола во 12 натпревари по селењето од Барселона, но сега е нејасно колку ќе паузира.
Тој ќе биде еден од четирите отсутни за тимот на Унаи Емери овој викенд, покрај сонародникот Маркињос и Анхел ди Марија кои добија „пауза“ поради раѓањето на нивните деца и Тијаго Мота, кој има повреда на коленото.
„Нејмар тренираше утрово, но не се чувствуваше најдобро, така што беше решено најдобро да не патува со тимот. Маркињос стана татко и ќе помине време со ќерката и сопругата, додека Ди Марија денеска исто така стана татко, така и тој останува во Париз“, вели Емери.