Top Sport

Нејмар престанал со преговорите со ПСЖ, сака назад во Барса со Меси?

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, повторно е тема на шпекулации во шпанските медиуми, кои тврдат дека Бразилецот престанал со преговорите со својот клуб за продолжување на договорот и дека повторно сака да се врати во Барселона, верувајќи дека Лионел Меси ќе остане во клубот.

29-годишниот Нејмар отворено зборуваше за желбата да игра повторно со Аргентинецот, но по минатогодишната желба на Меси да замине од Барселона, многумина мислеа дека тоа ќе се случи во Париз. Според каталонскиот весник „Ара“, Нејмар не само што верува дека Меси ќе остане во Барселона, туку веќе му пратил сигнал на новиот претседател на клубот, Жоан Лапорта дека сака да се врати.

Вакво враќање би било тешко да се оствари поради финансиската состојба на Барселона, што значи дека Нејмар би требало да биде подготвен да добие послаб договор ако навистина сака тоа да се случи. Барса, и покрај долгот од над милијарда евра, уште е во потрага на нова млада ѕвезда како Ерлинг Халанд или Лаутаро Мартинез.

Scroll to Top