Фудбалерите на различни начини се обидуваат да го потрошат времето за време на корона вирусот и самоизолацијата, но Нејмар тоа го прави на „вистински“ начин – на сопствениот терен за одбојка на плажа во Бразил.
Засега, Нејмар се фокусира на оддржувањето на физичката подготвеност, споделувајќи фотографии од неговиот дом и тренинзите кои ги извршува, пред да се фотографира со својот сонародник, фудбалерот на Палмеирас, Лукас Лима.
Нејмар, како и неговиот сонародник Тијаго Силва, „избегаа“ од Париз по ескалацијата на корона вирусот во Европа.