Нејмар во четвртокот пристигна во својот добро познат град Барселона за третман на повредата на стапалото поради која го очекува подолга пауза, но прашањата на новинарите во Каталонија очигледно го налутија Бразилецот.
Нормално, група новинари го чекаа фудбалерот на Пари Сен-Жермен, кој помина четири години во Барселона, и прашањата беа еднакви – што со неговата иднина и шпекулациите дека ќе се обидеда се врати во својот клуб.
На прашањето дали е вистина дека постојано се јавува на телефон во Барселона да прашува за трансфер, тој луто одговори: „No me toques los cojones!“, или буквално „Не ми ги допираја јајцата“, но со преносно значење, немој да ме лутиш.
¡TREMENDO! Neymar EXPLOTA ante @JosepSoldado en Barcelona: “No me toques los COJ***s”. ¡No te lo PIERDAS a las 3 con @jpedrerol en #JUGONES! pic.twitter.com/Ix9DBL5tco
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 31, 2019