Најскапиот светски фудбалер, Нејмар, ги започнал подготовките со својот тим Пари Сен Жермен. Не е никаква тајна дека Бразилецот сака да се врати во Барселона, но како сега стојат работите тој ќе остане во Париз.
Договорот го обврзува Нејмар уште три години да остане во Париз, а неговото незадоволство и желбата да замине нема иницираат трансфер во Барселона.
Барса нема пари да го купи Нејмар, се шпекулира дека нудат неколку играи и нешто пари за Бразилецот. На таквите понуди од Париз јасно им одговорија дека ќе би го продале за истата сума по која го купиле, а тоа се 222 милиони евра.
Поради ваквиот развој на настаните „Лекип“ пишува дека Нејмар се помирил со судбината. Бразилецот и наредната сезона ќе игра во дресот на ПСЖ. Во изминатите две сезони, поради повредите, Нејмар одиграл само 58 натпревари за ПСЖ, но успеал да постигне 51 гол.