Top Sport

Нејмар: Се врати Бразил кого сите го почитуваат

Капитенот на фудбалската репрезентација на Бразил, Нејмар, во интервју за ФИФА говорел за спомените од Светското првенство во 2014 година и очекувањата за Мундијалот кој наредната година ќе се одржи во Русија.

Бразил во 2014 година беше домаќин на Мундијалот, нацијата, а и самите фудбалери очекуваа титула, но „кариоките“ неславно завршија со срамниот пораз од 7:1 во полуфиналето против Германија, а потоа и со поразот од Холандија, 3:0, во борбата за третото место.

„Респектот кон бразилската репрезентација се смени во однос на она што беше пред три-четири години. Луѓето не гледаат поинаку. Се врати оној Бразил кој сите го почитуваат и му се восхитуваат. Расположението кај навивачите се смени. Претходниот Светски куп не заврши онака како што посакував. Сакав да ја освојам титулата, но ниту ја освоив, ниту ја изгубив. Не го дочекав крајот на Мундијалот“, рекол Нејмар.

Капитенот на Бразил на Светското првенство во 2014 година поради повреда не го играше полуфиналето и натпреварот за третото место.

„Тоа беше тешка недела. Плачев и се прашував зошто тоа ми се случи. Но крајот ќе сфатите дека сè што ќе ви се случи во животот може само да ве направи посилен. Во помага да учите и да се подготвувате за иднината“, рекол најскапиот фудбалер во историјата.

Scroll to Top