Top Sport

Нејмар се врати во Париз, се подготвува за куп-финалињата

Нејмар се вратил во Париз по три месеци поминати во својата татковина Бразил пред најавеното враќање на тренинзи на Пари Сен-Жермен на 22 јуни.

28-годишниот Нејмар и ПСЖ третпат едноподруго ја освоија франуцската титула, откако Лига 1 реши да ја прекрати сезоната, но ги очекуваат две финалиња во Франција и потенцијалното враќање на Лигата на шампионите, каде што веќе се во четврт-финалето откако ја елиминираа Борусија Дортмунд на 11 март.

Нејмар замина во Бразил четири дена по тој натпревар откако во Франција беа воведени строги правила за карантин, но сега се врати во Франција пред 15 јуни за да избегне двонеделен карантин.

ПСЖ ги очекува и другите фудбалери од Јужна Америка набргу во тимот – Единсон Кавани, Кејлор Навас и Тијаго Силва се враќаат пред вторник, а Маркињос веќе го направи тоа.

Scroll to Top