Top Sport

Нејмар се вратил во Париз

Нејмар, најскапиот играч во светот на фудбалот, им се приклучил на соиграчите, кои подготовките за новата сезона ги започнаа минатата недела.

Бразилецот, поради повреда, не играше на Копа Америка, а медиумите изминатите три недели пласираат информации дека тој имал желба да се врати во Барселона.

Нејмар минатат недела не се појави на почетокот на подготовките, наводно бил подготвен да штрајкува за да издејствува трансфер во Барсеона, но како сега стојат работите тој и наредната сезона ќе игра во дресот на Пари Сен Жермен.

Бидејќи ја пропушти првата недела од подготвителниот период клубот го казни парично со 370.000 евра.

Утрово тој се појавил во клубот, имал разговор со спортскиот директор Леонардо, на кого му објаснил зошто доцни на подготовките.

Нејмар со Пари Сен Жермен има договор до јуни 2022 година.

Scroll to Top