Нејмар најави дека е можно во блиска иднина да биде дел од некој премиерлигаш и во исто време „удри“ по својот поранешен колега Лионел Меси, велејќи дека секој голем фудбалер мора еден дел од својата кариера да го помине во Премиер лигата.
Бразилскиот ас на ПСЖ честопати беше поврзуван со трансфер во двата клуба од Манчестер во блиска иднина, откако имаше 43 гола во 48 настапи за Пари Сен-Жермен по заминувањето од Барселона во 2017 година.
Откако бекот на Сити, Бенжамин Менди го запраша дали би сакал да игра во Премиер лигата, Нејмар одговори.
„Не знам што ќе се случи утре, но верувам дека секој голем фудбалер, барем еден ден мора да игра во Премиер лигата. Ако играш таму тогаш се надевам дека уживаш“, му порача Нејмар на Менди.
Меси, секако, цела своја кариера ја помина во Барселона.
Шпанските медиуми постојано тврдат дека ПСЖ ќе му дозволи на Нејмар да замине следното лето, со можен кам-бек, токму во Барселона.
Neymar’s reply to Benjamin Mendy’s question: ” Do you think that one day you’ll play in the Premier League.”
Heres Neymar’s response:
Would you like to see Neymar potentially in a City shirt in the future? Comment below ??
Via [ @Neymarjr ]pic.twitter.com/QSq7qEGP6S
— City Central (@City_CentraI) December 5, 2018