Top Sport

Нејмар танцува со скршена нога (Видео)

Неговиот трансфер е најголем во историјата на фудбалот, ПСЖ плати за Нејмар 222 милиони евра, а Бразилецот од доаѓањето во Париз преиодично зане добро да ги шокира сосптвениците на клубот.

Бразилецот пред еден месец се здоби со фрактура на метатарзалната коска во стапалото, пет дена потоа беше опериран во Бразил, каде остана да се рехабилитира. Сезоната за Бразилецот е завршена, а прогнозите се дека тој ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија.

Моментот од повредата па до денес е исполнес со разни контроверзи и шпекулации. Медиумите најчесто пишуваат дека нема намера да се врати во ПСЖ, дека жали што заминал од Барселона и дека неговиот татко го уценува ПСЖ со двојно поголема неделна плата за неговиот син да остане во Париз.

Минатата недела неговото имитирање на Стивен Хокинг наиде на осуда, а со најновата видео-снимка што ја објави на својот Инстаграм профил веројатно го навлече гневот на челниците на ПСЖ.

Скапо платениот фудбалер танцува со скршена нога на роденденот на сестрата на својата девојка, манекенката Бруна Маркезин..

Scroll to Top