Најскапиот светски играч, Нејмар, на Светското првенство во Русија редовно е мета на противничките одбрамбени фудбалери, поради што врз него се направени најголем број на прекршоци во досегашниот тек од првенството.
Нејмар, речиси секој старт, го користи да ги покаже своите актерски способности, поради што швајцарскиот „РТС спорт“, решил точно да измери колку траело неговото „умирање“ на теренот.
Оправдано и неоправдано, најскапиот светски фудбалер, на тревата поради прекршоците направени врз него минал 14 минути.
Драмата во режија на Нејмар кулминираше на осмина-финалната пресметка против Мексико, кога по стартот на Мигел Лајун дури четири и пол минути бил во „агонија“.
Актерските квалитети на Нејмар не минаа незабележано на социјалните мрежи, каде се појавија многу видео клипови и фото монтажи.
Neymar should have to play with one of these for the remainder of the #WorldCup to keep him from flopping pic.twitter.com/ys4QI9hqLk
— M I G U E L (@itsmiguelyo) July 2, 2018
So this is why Neymar is always flopping pic.twitter.com/5cP77n9mcl
— Adrian Castillo (@AdrianReigns) July 2, 2018
Is Neymar your 5 star pick this Friday? No points for flopping! pic.twitter.com/xFxK6aNBn5
— letsRUMBL (@letsRUMBL) July 3, 2018