Top Sport

Нејмар вели: Се работеше за обична шега (видео)

Нејмар ги отфрли критиките насочени кон него откако го „зезна“ противничкиот играч при 3:2 победата над Рен во полуфиналето од Францускиот куп.

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен доби жолт картон во судиското продолжение откако направи фаул над Хамари Траоре и ја шутна топката за да „троши“ време. По добивањето на картонот тој се доближи до Траоре и му ја подаде раката, пред да ја повлече и да си замине со насмевка на лицето.

Фановите на Интернет не беа воодушевени од „средношколската“ финта на Бразилецот.

„Играм фудбал, но ривалите честопати ме провоцираат. На крајот на натпреварот направив шега иако знаев дека ќе има контроверзи. Секогаш се шегувам со моите пријатели, зошто не со ривалите“, вели Нејмар.

Scroll to Top