Нејмар ги предупреди ривалите на Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите дека се наоѓа во најдобра форма од пристигнувањето во францускиот клуб и дека е подготвен да се бори за големи трофеи.
Бразилецот пристигна во Париз со трансфер со светски рекорд од 222 милиони евра во текот на летото 2017 година, во трансфер кој предизвика шок во европскиот фудбал, откако тој имаше четири успешни сезони со Барселона.
ПСЖ доминира во францускиот фудбал, но Нејмар и „светците“ не успеаја да ја освојат Лигата на шампионите, а Бразилецот неколку пати имаше незгодни повреди кои го оддалечија од терените, а тука беа и постојаните шпекулации дека сака да се врат и во Каталонија.
Сега, 28-годишниот Нејмар вели дека по освоената тројна домашна титула, ПСЖ оди на титулата од ЛШ, каде што прв противник им е Аталанта во четврт-финалето.
„Последните три години добив големо познавање на фудбалот и на животот. Поминав низ многу убави и тешки моменти, посебно со повредите, но со помош на мотеи соиграчи се фокусирав на тоа што е најважно, добри партии на теренот и титули. Нашите фанови го знаат тоа. Сакаме да ја освоиме титулата од Лигата на шампионите и мислам дека никогаш не сме биле поблиску“, вели Нејмар.