Нејмар се наоѓа пред нова казна откако имаше жестока расправија со навивачите по поразот на Пари Сен-Жермен во финалето на Куп де Франс од Рен.
По долгата пауза поради повреда, Бразилецот го играше финалето против Рен и постигна по 21 минута за 2:0 водство. Меѓутоа, Рен се врати и постигна два гола за да израмни и на крај да ја добие титулата по подоброто изведување на пенали.
По поразот, тој дозволи да ги загуби нервите. При искачувањето на скалите на „Стад де Франс“, Нејмар застана и удри во рацете на еден навивач, кој држеше телефон. Не е јасно што беше кажано, но ова е само доказ дека сезоната не е најдобра ниту за ПСЖ, ниту за Нејмар.
Neymar punches a fan after PSG lose to Rennes. What a disgrace. pic.twitter.com/lHNF94GNrt
— Phil (@oleexcellence) April 28, 2019