Потпретседателот на Барселона Џорди Местре во интервју за „Мундо Депортиво“, меѓудругото говорел и за трансферот на Нејмар во ПСЖ.
„На американската турнеја многу време разговаравме со Нејмар и неговиот татко, меѓутоа не добивме јасен одговор, тие не беа транспарентни кон нас. Исто така можам да потврдам дека Нејмар не тужеше поради бонусот“, рекол Местре и дополнил.
„Нејмар со нас си играше „мачка и глушец“. Знаеше дека не може да стане најдобар играч во светот додека игра во иста екипа со Меси, поради тоа сакаше да си замине. Вистина е дека бевме во паника кога замина, но станавме многу добра екипа.“