Top Sport

Некогаш член на славниот Јувентус, денес осуден на затворска казна

Еден од најдобрите италијански напаѓали во последните две децении, Фабрицио Миколи го допре дното. Мајсторот на фудбалската игра, кој профи кариерата ја заврши во 2015 година, поради изнуда на пари е осуден на затворска казна во времетраење од три и пол години.

Миколи заедно со пријателот Мауро Лауричело, кој е син на еден од шефовите на мафијата Антонио Лауричело, од сопственик на локална дискотека изнудила 12.000 евра.

Миколи бидејќи користел насилнички методи е осуден на три и пол години, а неговиот пријател ќе одлежи една година.

Миколи во кариерата играл за Часанаро, Тернана, Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо, Лече и Биркиркара. Беше дел од славната генерација на Јувентус во која играа Дел Пјеро, Недвед, Трезеге, Буфон…

Најдобар период во кариерата му беше од 2007 до 2013 година кога го носеше дресот на Палермо (165 натпревари, 74 гола). Миколи има е десет настапи за најдобарата италијанска селекција.

Scroll to Top