Top Sport

Некогашниот ас на Јувентус преживеал хорор во својот дом

Разбојници со пиштоли во рацете влегле во домот на поранешниот ас на Јувентус Клаудио Маркизио и го ограбиле.

Грабежот се случил кога Маркизио и неговата сопруга Роберта биле во куќата. Под присила тој морал да го отвори сефот. Во негово присуство разбојниците однеле пари, накит, часовници…

Маркизио кој неодамна ја заврши кариерата веднаш по грабежот повикал полиција и пријавил дека разбојниците најверојатно се Италијанци.

Полицијата трага по разбојниците.

Scroll to Top