Top Sport

Некои нови „топчии“ – три гола за шест минути!

Арсенал, очигледно допатува во Чешка во потрага за победа и пласман во полуфиналето на Лига Европа, откако имаа неверојатен старт на мечот по кој имаат 0:3 водство против Славија Прага.

По разочарувачките 1:1 на домашен терен, на тимот на Микел Артета му беше потребен добар старт, но никој не го очекуваше ова. Откако во 14. минута им беше поништен гол поради офсајд, веќе во 18. минута Никола Пепе стрелаше за 0:1, Александер Лаказет зголеми на 0:2 од пенал во 21. минута, за младиот Букајо Сака во 24. минута да даде гол за 0:3.

Scroll to Top