Top Sport

Неколку часа пред официјалната потврда – Модриќ пред Роналдо за „златната топка“?

„Франс фудбал“ вечерва во 21 часот ќе го соопшти освојувачот на „златната топка“ за минатата сезона, но според дел од медиумите, носителот веќе се знае – Лука Модриќ.

Според резултатите кои се појавија на Интернет со официјалното гласање, Модриќ добил 753 гласа пред Кристијано Роналдо со 476 и Французинот Антоан Гризман со 414 поени. Килијан Мбапе има 347 поени, а Лионел Меси е само петти со 280 поени.

Топ 10 е комплетирано од Мохамед Салах (188), Рафаел Варан (121), Еден Азар (119), Кевин де Бројне (29) и Хери Кејн (25). Пол Погба е само 15. со девет освоени гласа. Шпекулациите велат дека Кристијано Роналдо и Гризман нема да присуствуваат на церемонијата бидејќи ја немаат освоено.

Scroll to Top