Португалската колонија во членот на англиската Премиер лига Вулверхемптон се зголеми за уште еден член. Нов играч на овој клуб ќе стане десниот бек на Барселона Нелсон Семедо.
Медиумите пишуваат дека трансферот наскоро ќе биде потврден. Семедо откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише договор до јуни 2025 година. Не е познато колку Вулвс ќе треба да платата за Семедо. Минатото лето Барселона за него бараа 40.000.000 евра.
На местото на Семедо Барселона ќе се обиде да го донесе талентираниот играч на Ајакс Сержињо Дест. Интерес за ова момче покажува и Баерн Минхен.