Вториот меч на Мундијалот во Русија донесе несакани сцени за ФИФА и за организаторите, откако речиси половина од бизарниот стадион во Екатеринбург беше празен, иако привремената трибина беше полна до последното место.
Организаторите засега не дадоа одговор дали се работи за превисока цена на билетите на другите трибини (кои стигнувале до 350 евра), или повторно старата мака на доделување на билети на спонзорите и комерцијалните партнери, кои потоа не ги користат.