Норвешка не успеа да ја мине Србија во полу-финалниот бараж за пласман на Европското првенство. Во Осло, по продолженијата Србија ја победи Норвешка со 2:1.
Србите целосно од играта го исклучија од играта на Норвешка Ерлинг Халанд, тоа е една од причините што Србите го добија мечот.
Лут поради елиминацијата Халанд замина веднаш во соблекувалната откако судијата Даниеле Орсато означи крај на натпреварот. Подоцна се вратил за да даде изјава за норвешката телевизија.
„Нема да пцујам, но ова е многу незгодно. Имавме одлична можност да додеме до ЕП, но едноставно не бевме доволно добри. Се надевам дека во иднина ќе успееме да се квалификуваме“, рекол Халанд.