На контроверзите околу шпанскиот женски фудбал им нема крај, откако шпекулациите велат дека Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) планира да му врачи отказ на селекторот на женската репрезентација, Хорхе Вилда, кој им ја донесе првата светска титула на СП во Австралија и Нов Зеланд.
Овој развој на настаните доаѓа откако претседателот на РФЕФ, Луис Рубијалес е суспендиран од ФИФА поради бакнежот на фудбалерката Џени Ермосо по победата во финалето против Англија.
Според „Диарио АС“, Вилда ќе биде ослободен од неговиот договор поради неговите претходни контроверзни изјави и наводната лоша атмосфера во репрезентацијата.